НБА

Рекордни 47 поени на Јокиќ, нов трипл-дабл за Дончиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со најефикасната партија во својата НБА кариера го предводеше Денвер до гостинска порака кај Аталанта од 123:115, Лука Дончиќ запиша уште еден трипл-дабл и му донесе триумф на Далас од 118:110 над Чикаго. 

Никола Јокиќ се надмина себеси, Србинот ја имаше својата најдобра партија во кариерата кога се во прашање поените, постигна дури 47 и го предводеше Денвер до гостинска победа кај Аталанта, запиша и осум скокови и пет асистенции.
 
Најефикасен во составот на Аталанта беше Јанг со 29 поени, имаше и 12 асистенции.
 
 
Фантастична вечер имаше и Лука Дончиќ кој реализираше нов трипл-дабл. Словенецот постигна 38 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции и беше најзаслужен за триумфот на Далас над Чикаго.
 
Во Чикаго добра партија имаше Финецот Марканен кој постигна 26 поени, Лавејн реализираше 20.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Индијана 104:115
Орландо - Бруклин 101:89
Филаделфија - Оклахома 120:113
Вашингтон - Бостон 99:94
Атланта - Денвер 115:123
Њу Орлеанс - Јута 126:128
Далас - Чикаго 118:110
Сан Антонио - Милвоки 126:104
Сакраменто - Голден стејт 111:98

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе