Евролига

Реал цел меч водеше на крајот загуби, ЦСКА се врати од -14 и се пласираше во финале!

ЦСКА Москва е вториот финалист во Евролига, шампионот на Русија се врати од -14 и со пресврт во финишот од мечот стигна до триумф од 95-90 над Реал Мадрид.

Евролигата ќе добие нов шампион откако вечерва Реал Мадрид загуби од ЦСКА Москва во второто полуфинале. „Кралевите“ практично водеа цел натпревар, често имаа двоцифрена предност, а најмногу стигнаа до позитива од 14 поени.

Сепак, ЦСКА Москва не се предаде, на средината од последната четвртина се избори за егал (80-80), а потоа во драматична завршница стигна до победа од 95-90.

Де Коло со 23 поени, од кои клучна тројка на 80 секунди до крајот за водство од 87-85 и потоа два прецизни шута од линијата за слободни (89-85), беше еден од најзаслужните за триумфот на ЦСКА Москва. Одлична партија имаше и Серхио Родригез, кој исто така постигна 23 поени, а сосема солиден беше и Вил со 18 поени.

Фабиен беше прв стрелец на Реал Мадрид со 18 поени, а двоцифрен учинок имаа уште неколку играчи како Љуљ, Рендолф, Фернандез и Кампацо.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе