Прва лига

Работнички со четвртина како во НБА го доби вечното дерби!

Со одлично издание во завршните десет минути, Работнички ја доби пресметката со лутиот градски ривал МЗТ Скопје, „Центарци" во Гостивар славеа со убедливи 92-74

140. вечно дерби кое почна синоќа во „Градски парк“ но беше одложено поради неисправен семафор, заврши вечерва во Гостивар со убедлива победа на Работнички од 92-74

Почетокот на мечот не навестуваше ваков расплет, беше прилично изедначено, „Центарци“ ги добија воведните 10 минути со 23-22, додека пак на полувреме се замина со минимално водство на МЗТ Скопје од 44-45.

Првата опиплива предност ја имаа гостите, кои кон финишот на третата четвртина се одлепија на +5, а со тројката на Спасојевиќ на стартот од завршните 10 минути поведоа и со највиоки 59-67.

Но потоа следеше одговор на Работнички, кој со серија од 14-2 поведоа со 73-69 на средината од последната четвртина. Симоновски со нова тројка намали на 73-72 на пет минути до крајот, но „Штрковите“ тука застанаа.

МЗТ до крајот на мечот реализираше само два поени, а Работнички не престана да го полни противничкиот кош, имаше пеколен финиш и четвртина како во НБА па тоа резултираше со убедлива победа од 92-74,

Еванс со 19 поени беше прв стрелец во редовите на Работнички, Костов и Чековски реализираа по 14, а Караџовски забележа 11 поени.

Во редовите на МЗТ најдобар поединец беше Марко Симоновски со 24 поени, Бојиќ забележа 14, а Трајковски 11 поени.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе