АБА 2 лига

Работнички убедлив против Сутјеска

И вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, Работнички денеска дојде до убедлива победа откако ја совлада Сутјеска со 84-62. 

По денешниот триумф на МЗТ Скопје над Ловќен со 96-55, и Работнички на убедлив начин дојде до победа со која ги одржа шансите за пласман во плеј-офот.
 
И на овој меч немаше неизвесност, Работнички силно го почна мечот, првата четвртина ја доби со 26-16, а потоа го контролираше натпреварот за на крајот да дојде до победа од 84-62.
 
Најефикасен во составот на Работнички беше Бундовиќ со 18 поени, Мулалиќ реализираше 17. Кај Стујеска Спасојевиќ и Брзоја постигнаа по 14.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе