По одличната игра и победа над Сутјеска, Работнички доживеа дебакл на денешниот меч против Широки и полека ги губи шансите за плејофот.
Македонскиот тим одигра добро прво полувреме по кое водеше со два поени разлика, 37-35.
Но во вториот дел како да излезе без одбрана на теренот, особено во третата четвртина која ја загуби со 41-18, а во последните десет минути примија 30 поени што исто така е многу за сериозен тим. Конечниот резултат беше 106-77 за Широки.
Питс и Балмазовиќ постигнаа по 22 поени за Работнички, исто толку имаше Томас кај Широки.