КК Работнички

Работнички потврди дека имаат позитивен играч на ковид-19 и соопшти за кој кошаркар станува збор

Американскиот плејмејкер на Работнички, Демиер Питс е позитивен на коронавирус, потврди клубот од градски парк. 

Фото: КФСМ
Директорот на Работнички преку соопштение потврди дека во тимот имаат позитивен кошаркар на ковид-19, се работи за Американецот Демиер Питс кој оди во изолација.
 
„Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19.
Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19.
До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација.
Почитувајќи ги протоколите за работа и мерките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, КК Работнички продолжува со редовна работа и одржување на тренизите со останатиот кошаркарски тим, за подготовка на домашните првенства и меѓународни натпреварувања.
Му посакувам брзо опоравување на Демиер Питс и враќање во тимот со останатите соиграчи. За сите дополнителни информации, навремено ќе ја информираме јавноста за состојбата на нашиот колега.
Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките и да бидат индивидуално одговорни за заштита на колективното јавно здравје“ – вели директорот Ненад Павловски.

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе