Битката за титулата започна со убедлива победа на „штрковите“

Работнички постигна само 3 поени во една четвртина, МЗТ го понижи вечниот ривал

МЗТ Скопје ја започна финалната серија со убедлива победа и со триумф од 80-44 го понижи вечниот ривал Работнички, гостите имаа второ полувреме за заборав

Битката за титулата во првенството на Македонија започна со убедлив триумф на МЗТ Скопје. Вечерва во „Јане Сандански“, „штрковите“ го понижија вечниот ривал Работнички и го победија со 80-44.

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков расплет, избраниците на Докузовски добро отворија и првата четвртина ја добија со 14-21. МЗТ Скопје сепак брзо го сврте резултатот во своја корист и на пауза замина со +6 (38-32).

Но гостите имаа голем пад на играта во второто полувреме кога реализираа само 12 поени. Во последните четири минути од третиот период и воведните седум минути и четвртиот период, тие не постигнаа ниту еден кош а „штрковите“ имаа серија од 22-0.

Работнички последната четвртина ја заврши со само 3 постигнати поени, и тоа сите од линијата за слободни фрлања, па на крајот резултатот гласеше убедливи 80-44.

Најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 17 поени, Магдевски средбата ја заврши со 13 поени а двоцифрен уште беше и Иванов со 10 поени.

Во редовите на Работнички Јаневски со 13 поени и Стајиќ со 12 поени беа тие кои најмногу се издвоија.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе