Куп на Македонија

Работнички по 10. пат го освои Купот на Македонија!

Работнички е новиот освојувач на Купот на Македонија откако во финалната битка беа подобри од Блокотехна со убедливи 85:71, ова е јубилеен 10. трофеј од ова натпреварување за Центарци.

Историски успех за Работнички, тие се првиот клуб во Македонија кој стигна до 10. триумф во купот. Домаќинот Блокотехна ќе се задоволи со пласманот во финалето кое е нивни најголем досртел во македонската кошарка.
 
Рабоотнички добро го почна натпреварот, ја доби првата четвртина со 22:17, но Блокотехна направи комплетен пресврт во вториот дел и на одморот замина со предност од 49:45.
 
Во второто полувреме Работнички беше многу подобар, одигра идеална трета четвртина во која го врати водството, во последниот период се влезе со 65:59 за скопскиот тим. До крајот на мечот Работнички не само што го задржа водството, туку и го зголеми за конечна победа од 14 поени разлика, 85:71.
 
Најефикасен во тимот на Работнички беше Караџовски со 18 поени, Чековски постигна 14. Во составот на Блокотехна Вундебург со 24 поени беше најдобар поединец.
 
Со овој освоен куп Работнички повторно изби пред вечниот ривал во освоени трофеи од ова натпреварување. Центарци имаат 10, додека МЗТ Скопје девет титули во Купот на Македонија.
 
Пред овој меч се одигра женското финале кое го освои Вардар откако го совлада Бадел 1862 со 50:40.
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе