Дерби без резултатско значење

Работнички го доби дербито со МЗТ Скопје

Работнички со 88:84 го победи МЗТ Скопје во натпревар кој немаше резултатско значење за изгледот на табелата.

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје се играше во Куманово, без навивачи како што претходно решија клубовите. Центарци беа подобри и на крајот се радуваа на триумф од четири поени разлика.
 
И пред овој натпревар се знаеше дека МЗТ Скопје во плејофот ќе тргне од првото место, а Работнички од второто.
 
Првиот дел беше изедначен, на одморот се отиде со нерешени 37:37, Работнички мечот го доби во третиот период по кој водеше со 65:53. Во последните десет минути МЗТ Скопје успеа само да го ублажи водството на протиниот кој на крајот славеше со 88:84.
 
Играч на мечот беше кошаркарот на Работнички, Чавдар Костов кој постигна 24 поени и 11 скокови, кај МЗТ Скопје најефикасен беше Иванов со 18 поени.
 
МЗТ Скопје како првопласиран во полуфиналето од плејофот ќе игра против Гостивар, а Работнички ќе се сретне со Блокотехна.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе