четврток, 28 март 2024

ОН: Ситуацијата на Хаити е „катаклизмична“

Ситуацијата на Хаити е „катаклизмична“ со 1.554 загинати во првите три месеци од оваа година – предупредија Обединетите нации, посочувајќи дека „порозните граници“ го олеснуваат снабдувањето со оружје и муниција на бунтовниците кои, сè помоќни од полицијата, се борат за соборување на владата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хаити, кој долго време е во криза, е зафатен од масовно насилство, неколку вооружени групи се борат да ја соборат владата на премиерот Ариел Хенри, кој на 11 март прифати да поднесе оставка во егзил.

Идниот претседателски совет, кој треба да ја преземе власта, во средата вети дека ќе воспостави ред и демократија.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тиркје, во извештајот напиша дека корупцијата, неказнивоста и лошото владеење го поткопале владеењето на правото на Хаити и ги довеле државните институции на работ на колапс.

Тој наведе дека бројот на убиени и ранети во тепачки, грабежи и продолжено насилство е значително зголемен од 2023 година, кога биле регистрирани 4.451 убиени и 1.668 ранети. Во првите три месеци од оваа година загинале 1.554, а ранети се 826 лица.

Паралелно со засилувањето на насилството на бандите и слабеењето на полицијата, се појавија „бригади за самоодбрана“ кои „делат правда“.

Во 2023 година имало најмалку 528 случаи на линч, а годинава 59. Некои убиства биле спонтани, додека други биле охрабрувани, поддржани или олеснети од полицајци и членови на антивладината борбена коалиција Г9 и нејзините сојузници, се вели во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ