Плејоф

Работнички доживеа дебакл во Гевгелија, втора победа на МЗТ Скопје против Гостивар

Шампионот Работнички беше буквално прегазен на гостувањето кај Блокотехна која победи со 85:58 и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија, МЗТ Скопје со 92:86 славеше на гостувањето кај Гостивар и поведе со 2-0. 

Блокотехна не само што го победи Работнички, туку тоа го направи неочекувано убедливо. Тимот од Гевгелија одигра брилијантна партија, доминираше во текот на целиот меч, имаше и 30 поени предност, на крајот победи со 85:58 и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија.
 
Фундербург со 19 поени беше најефикасен во составот на Блокотехна, Мијатовиќ постигна 17. Кај Работнички Мираковски постигна 11, а двоцифрен беше и Јанески со 10 поени.
 
За разлика од Работнички, МЗТ Скопје успешно си ја заврши гостинската задача кај Гостивар, победи со 92:86 и поведе со 2-0 во финалната серија.
 
Дамјан Стојановски имаше фантастична партија, постигна 30 поени, Иванов реализираше 23. Во домашниот тим најдобар беше Ефианаи со 31 поен, Костоски постигна 20.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе