Куп на Македонија

Работнички броеше до 104 за убедлива победа над Куманово и пласман во полуфиналето

Работнички е вториот полуфиналист во Купот на Македонија откако попладнево ја доби пресметката со Куманово со убедливи 104-80.

Тимот од „Градски парк“ влезе во војна со МКФ пред завршницата на Купот на Македонија откако не им беше прифатена регистрацијата на Ксавиер Џонсон, едно од трите засилувања кои ги донесоа овој месец.

Административните проблеми сепак не влијаеа врз избраниците на Марин Докузовски кои попладнево се прикажаа во одлично светло и го совладаа Куманово со високи 104-80.

Работнички одлично го отвори мечот, првата четвртина ја доби со 15 поени разлика (31-16) и веќе тука беше јасно кој ќе се пласира во полуфиналето. Куманово беше рамноправен противник во вториот период, но „центарци“ доминираа во третата четврина и стигна до високи +26 (77-51).

Завршните десет минути беа само рутинско одработување на задачата и конечниот резултат на семафорот гласеше 104-80.

Крстевски со 24 поени и само едно промашување беше прв играч во редовите на Работнички, Стајиќ реализираше 20 поени а двоцифрени уште беа и Костов (16 поени), Ефремовски (13 поени) и Јанески (12 поени).

Пенов со 17 поени беше најдобар поединец во редовите на Куманово.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе