Големата прослава не помина без инциденти

Пукање, повредени и уапсени на шампионската парада во Торонто (ВИДЕО)

Торонто ја славеше историската шампионска титула во НБА, а големата парада низ градот не мина без последици по некои луѓе.

Илијадници спортски фанови излегоа низ улиците на Торонто да го прослават големиот успех. Но во еден момент се слушнаа и истрели од оружје кои создадоа паника меѓу луѓето.
 
Четворица луѓе се повредени, двајца посериозно, но ниту еден не е во животна опасност.
 
Тројца луѓе биле уапсени, а властите од јавноста побарале снимки кои би им помогнале во истрагата.
 
Премиерот на Канада, Џастин Трудо вели дека нема да дозволат актите на насилство да го засенат духот на парадата.
 
„Се надевам дека сите повредени во денешното пукање брзо ќе се опорават, би сакал да се заблагодарам на полицијата во Торонто за брзата интервенција. Нема да дозволиме овој акт на насилство да го засени духот на денешната парада“, вели Трудо.
 
Торонто беше подобар од Голден стејт во финалната серија и за прв пат во својата историја стана НБА шампион, тие се и првиот канадски тим кој го направил тоа.
 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе