Првични резултати од истрагата за уривањето на хеликоптерот во кој загина Коби - не откажал моторот

Остатоците од хеликоптерот што се урна минатиот месец, при што загинаа Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум луѓе, не покажаа дека има некакви надворешни докази за откажување на моторот, соопшти Националиот брод за безбедност при транспорт (НТСБ).

НТСБ го истражува инцидентот, вклучувајќи ја улогата на густата магла, конечниот извештај не се очекува да биде порано од една година од несреќата.
 
Но поради големиот интерес на јавност, НТСБ излезе со некои првични информации од истрагата. 
 
Пилотот Ара Зобајан бил искусен пилот, шеф на „Исланд Експрес Хеликоптери“, тој имал повеќе од 8,200 часови летано. Имал и сертификат кој им дозволува на одредени пилоти да летаат и во потешки услови. Бил пилот и на Каваи Ленард.
 
Инструмент таблата на хеликоптерот била уништена во уривањето, повеќе од уредите биле расфрлани. Контролите за летање биле искршени и оштетени од пожар, стои во дел од известувањето на НТСБ.
 
Истражителите веруваат дека моторот не бил оштетен поради фактот што при падот имало исечени дрва (од перките на хеликоптерот), а тоа е доказ дека моторите работеле до последен момент.
 
Хеликоптерот немал уред кој ќе јавува предупредување поради опасност леталото да удри во земјата. Таков систем е задолжителен само за амбулатните хеликоптери. Не може со сигурност да се каже, дали доколку хеликоптерот имал систем трагедијата ќе била избегната.
 
Овој извештај е само првичен и информативен, не нуди причини за големата несреќа.
 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе