АБА лига

Првата четвртина го реши победникот, Партизан убедлив против МЗТ Скопје

Партизан со 92-74 го победи МЗТ Скопје во салата „Јане Сандански“, натпреварот беше решен во првата четвртина која црно-белите ја добија со 16 поени разлика. 

МЗТ Скопје го запиша и вториот очекуван пораз во АБА лигата откако денеска загуби од големиот фаворит Партизан.
 
Во салата „Јане Сандански“ во Аеродром имаше одлична атмосфера, навивачи на МЗТ Скопје и Партизан ги бодреа своите тимови, на крајот посреќни беа гостинските фанови.
 
Исто како и на мечот со Црвена звезда, кошаркарите на МЗТ Скопје играа укочено во првите десет минути, многу тешко постигнуваа поени, тој период Партизан го доби со 25-9 и тоа се покажа како клучно.
 
Во продолжението од мечот МЗТ Скопје се покажа во едно многу поинакво светло, а беше рамноправен противник против Партизан кој сепак рутински ја одржуваше стекнатата предност за на крајот да победи со убедливи 92-74.
 
Мичовиќ со 18 и Кофи со 17 беа најефикасни во составот на МЗТ Скопје, двоцифрени беа и Максвел со 13 и Војдан Стојановски со 11. Кај Партизан најдобри беа Ексум и Нунали со по 17 поени.
 
Во следното коло МЗТ Скопје повторно има тешка задача, му гостува на Будуќност.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе