Втора АБА лига

Прв пораз на МЗТ Скопје на домашен терен, Хелиос го освои Аеродром

МЗТ Скопје за прв пат загуби дома во втората АБА лига оваа сезона, вечерва Хелиос го освои Аеродром и славеше во „Јане Сандански" со 85-89.

Непријатно изненадување за „штрковите“, МЗТ Скопје вечерва го забележа првиот пораз на домашен терен во втората АБА лига. Шампионот на Македонија загуби во пресметката со Хелиос, гостите го освоија Аеродром.

Избраниците на Кочов на полувреме имаа позитива од осум поени (47-39) но одиграа многу лошо во третата четвртина. Хелиос направи серија од 18-2 за целосен пресврт и се влезе во неизвесен финиш.

МЗТ Скопје тешко се справуваше со притисокот, во последните минути, кога се кршеше резултатот беа промашени четири слободни фрлања во низа, гостите останаа смирени и на крајот триумфираа со 85-89.

Џабари Хиндс беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје со 18 поени, Дамјан Стојановски постигна еден помалку. Следниот меч „штрковите“ го играат за една недела кога му гостуваат на Широки.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе