Плејмејкерот на романскиот клуб Плоешти, односно претходно на МЗТ Скопје, Андреј Магдевски ја доби наградата за најдобар кошаркар, тој во трката за ова признание ги победи Бојан Крстевски и Бојан Трајковски кои освоија помалку гласови од него.
За најдобра кошаркарка е прогласена Анџелика Митрашиновиќ од Бадел 1862, наградата за најдобар клуб ја доби МЗТ Скопје, а тренер на годината е Горан Самарџиев од Еуро Никел.
За наградите гласаа клубовите, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија, медиумите и на фановите преку интернет-страницата на КФМ.
Најдобрите во кошарката за 2021 година:
- Најдобар кошаркар: Андреј Магдевски (МЗТ Скопје / Плоешти - Романија)
- Најдобра кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ (Бадел 1862 / Тербес - Франција)
- Најдобар млад кошаркар: Теодор Симиќ (Барселона)
- Најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска (ЖКК Крива Паланка)
- Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје
- Најдобра женска екипа (сениорки): Баскет КАМ
- Најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички
- Најдобра женска екипа (младински лиги): Бадел 1862
- Најдобар тренер на машка екипа (сениори): Горан Самарџиев (Еуро Никел 2005)
- Најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашданов (Баскет Кам 2011)
- Најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Андреј Апостолски-Лечиќ (Работнички)
- Најдобар тренер на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова
- Најдобар играч во 3 на 3: Ервин Цого (Кино Влае)
- Најдобра екипа во 3 на 3: Кино Влае
- Најдобар кошаркарски судија: Игор Митровски
- Најдобар македонски репрезент во странство: Емил Рајковиќ (Автодор - Русија / Астана - Казахстан)
- Најдобра младинска репрезентативна селекција: Женска репрезентација У-16
Македонската кошаркарска федерација додели и посебно признание за промоција на инклузивно спортување на лицата со попреченост на Специјална Олимпијада на Македонија предводена од Дарко Крстиќ и Драган Караџовски, заедно со петте атлети: Мирослав Георгиевски, Виктор Бошковски, Јане Никодиновски, Адо Дупљак и Горјан Стојковски.
Постхумно, федерацијата им додели плакети на членовите на семејствата на кошаркарските работници за исклучителни постигнувања во кошаркарскиот спорт: Благоја Георгиевски – Буштур, Марјан Лазовски, Драган Василов – Цевка, Војислав Зивчевиќ и Анте Дуковски.
Посебни благодарници добија и соработниците на федерацијата во изминатиот временски период: Македонски Олимписки Комитет, Агенција за Млади и Спорт, Кодинг Горска, Триглав Осигурување АД, ОКТА, ПЗУ Жан Митрев, „Кигили“, Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје, Противпожарен сојуз на Македонија и МРТ.