НБА

Признание за одличната сезона, Јокиќ стана првиот Србин кој се нашол во најдобрата петорка во НБА!

Никола Јокиќ имаше одлична сезона во Денвер па центарот доби големо признание и се најде во најдобрата петорка во НБА покрај Стеф Кари, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Јанис Адетокумбо.

НБА денеска го објави гласањето на новинарите за најдобрата петорка. Како награда за одличната сезона, Никола Јокиќ се најде во тимот покрај Стеф Кари, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Јанис Адетокумбо.

Па центарот стана првиот Србин со вакво признание и само вториот играч во историјата на Денвер.

Никола Јокиќ оваа сезона ја заврши со просек од 20,1 поен, 10,8 скокови и 7,3 асистенции со просечно време поминато на паркетот од 31,3 минути по натпревар. Тој стана првиот центар по Вил Чемберлејн од 1967-68 кој сезоната ја завршил со просек од најмалку 20 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Тој исто така е првиот играч во историјата на НБА кој може да се пофали со вакви бројки со помалку од 35 минити поминати на паркетот на натпревар.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе