ПСЖ

Причината поради која Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ

Според „Л'Екип“, главната причина поради која Килијан Мбапе сака да си замине од ПСЖ и да потпише за Реал Мадрид е дека не верува дека со францускиот тим може да ја освои Лигата на шампионите.

Мбапе цели кон врвот, сака да биде гледан како еден од најдобрите играчи кои се појавиле, но свесен е дека за такво нешто треба да освојува и големи клупски трофеи.

Титулите во домашното првенство кои ги има освоено со ПСЖ немаат некоја голема тежина ако се знае доминацијата на овој клуб во однос на останатите во Франција.

И покрај тоа што тимот на ПСЖ сега е полн со ѕвезди како Донарума, Нејмар, Ди Марија, Серхио Рамос... Мбапе не е убеден дека може да ја освои Лигата на шампионите.

Според „Л'Екип“ тоа е главната причина поради која сака трансфер во Реал Мадрид кој во изминатите години покажа дека знае како се освојува ЛШ. Плус тежината на трофејот во Примера е многу поразлична од онаа во Лига 1.

Мбапе има уште една година од договорот со ПСЖ и ако не стави потпис на нов договор, следното лето ќе може да си замине како слободен играч.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе