НБА

Преку 40 поени за Леброн, Кари и Џорџ, посебна вечер за Вестбрук (ВИДЕО)

Расел Вестбрук се искачи на третото место на вечната листа по број на трипл-дабл учиноци, Пол Џорџ, Стеф Кари и Леброн Џејмс беа лидери во своите тимови постигнувајќи преку 40 поени.

Бруклун водеше речиси во текот на целиот меч против Оклахома, а тие со фантастична последна четвртина која ја добија со 39:19 дојдоа до победа од 114:112.
 
Пол Џорџ постигна фантастични 47 поени, имаше и 15 скока, но Расел Вестбрук е во центарот на вниманието. Тој имаше нов трипл-дабл 21 поен, 17 асистенции и 15 скока. Тоа беше негов 108. трипл-дабл со кој го помина Џејсон Кид на вечната листа и се искачи на третата позиција, пред него се само Меџик Џонсон и Оскар Робертсон.
 
 
Лос Анџелес Лејкерс со 121:113 го победија Сан Антонио, предводник во победата беше Леброн Џејмс кој постигна 42 поени, имаше и шест скока и пет асистенции.
 
 
42 поени реализираше и Стеф Кари во триумфот на Голден стејт на гостувањето кај Кливленд со 129:105. Кевин Дурент имаше 25 поени, му недостигаше само една асистенција за трипл-дабл учинок, имаше десет скокови.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Голден стејт 105:129
Орландо - Денвер 118:124
Атланта - Вашингтон 117:131
Бруклин - Оклахома 112:114
Мемфис - ЛА Клиперс 96:86
Милвоки - Детроит 115:92
Минесота - Шарлот 121:104
Њу Орлеанс - Далас 132:106
Торонто - Филаделфија 113:102
ЛА Лејкерс - Сан Антонио 121:113

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе