Целта е да се забрза играта

Пред стартот на новата сезона во НБА одобрени се промени на три правила

Бордот на НБА едногласно одобри промени на три правила кои беа доставени од комитетот за натпреварување, новитетите во играта почнуваат да се применуваат веднаш.

Најсилното кошаркарско првенство во светот соопшти дека за сезоната 2018/19 ќе има неколку новитети во играта. Комитетот за натпреварување предложи промени на три правила, а бордот на НБА едногласно ги одобри корекциите.

Најважна промена е времето за шут кога тимот кој напаѓа добива втора шанса. Часовникот за напад наместо на 24 секунди ќе се ресетира на 14 секунди и тоа во три сценарија: по офанзивен скок, по прекршок од страна на дефанзивата во обид да се освои топката со скок и доколку дефанзивата ја исфрли топката надвор од теренот при обид да ја освојат со скок.

Се поедноставува и правилото за неспортски прекршок при фаулирање на кошаркар кој има отворен пат кон кошот при транзиција. Во минатото се земаа повеќе фактори и се гледаше поставеноста и на другите играчи, не само на оној кој го прави прекршокот, а со новите правила се дава појасни насоки за судиите. НБА објави и видео со конкретна ситуација и објаснување.

НБА исто така направи и проширување на дефиницијата „насилно однесување“, па судиите сега ќе можат да прегледуваат видеа за поголем број на инциденти од страна на играчите или тренерите.

Правилата ќе почнат да се применуваат уште во претсезоната, за кошаркарите да можат да се навикнат на новитетите пред отварањето на новата сезона кое е закажано на 16. октомври.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе