Куп на Македонија

Познати се полуфиналните двојки во кошаркарскиот куп на Македонија

Со победа на МЗТ Скопје над Куманово од 100-84, завршија денешните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија во Кошарка. 

МЗТ Скопје одигра сигурна партија, во текот на целиот меч го контролираше резултатот и на крајот славеше со 100-84. Најдобар беше Дамјан Стојановски со 20 поени, Гравет постигна 16, во составот на Куманово Ливингстон реализираше 27 поени.
 
МЗТ Скопје во полуфиналето ќе игра против ФМП Академија кои направија сензација елиминирајќи го Пелистер откако го победија со 100-98.
 
Најдобар кај ФМП Академија беше Крстајиќ со 29 поени, Харис постигна 19, кај Пелистер, Кешар реализираше 31.
 
ТФТ му пружи силен отпор на Работнички но центарците благодарение на подобрата последна четвртина дојдоа до победа од 66-62. Ефремовски постигна 17 поени, Питс 16, кај ТФТ Смит беше најдобар со 15.
 
Работнички во полуфиналето ќе игра против Еуро Никел кој го совлада Гостивар со 84-75. Дубински и Мијатовиќ постигнаа по 17 поени, кај Гостивар Димчевски реализираше 19.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе