Србија потешко од очекувањата ја совлада Украина. Украинците го добија првиот сет со 25:21 и најавија дека ќе бидат тврд залак. Следните два сета им припаднаа на Србите со 25:23 и 25:22.
Но Украина не се предаде, четвртиот сет го доби убедливо со 25:19. Сепак у петиот решавачки Србија покажа кој е кој, го доби со 15:9 и се пласира во полуфиналето.
Франција ја растури Италија за пласман меѓу четирите најдобри, победи со 3-0 во сетови, 25:16, 27:25 и 25:14.
Полуфиналните двојки се: Полска - Словенија и Србија - Франција.