Мундобаскет 2019

Познати и последните четвртфиналисти на Мундобаскетот, Грција е елиминирана

Селекцијата на Грција е елиминирана од Светското првенство во Кина откако со недоволна разлика ја победи Чешка во директната битка за четвртфиналето.

Заврши групната фаза од Светското кошаркарско првенство во Кина, денеска се комплетирани и последните четвртфинални двојки.
 
Грција и Чешка во директен дуел одлучуваа кој ќе продолжи понатаму. На Грците им требаше победа од 12 поени разлика. Триумфираа само со седум, 84:77 Чесите загубија но на крајот тие се радуваа на пласман во четвртфинале.
 
Во кружен систем тие имаат подобар скор од Грција и Бразил, па заедно со САД патуваат меѓу осумте најдобри.
 
Селекцијата на САД со победа од 89:73 над Бразил го завери првото место во групата.
 
Австралија ја победи Франција со 100:98. Тоа беше директен дуел за првото место во групата Л. Во другиот меч Литванија со 74:55 беше подобра од Доминиканската република.
 
Четвртфинални дуели:
 
Аргентина - Србија
САД - Франција
Шпанија - Полска
Австралија - Чешка

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе