Издаден извештај на 1.700 страни

Позната причината за падот на хеликоптерот на Коби Брајант?! Пилотот бил дезориентиран поради маглата

Пилотска грешка веројатно е причината за падот на хеликоптерот во кој животот го загуби Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, истражителите сметаат дека Ара Зобајан бил дезориентиран поради густата магла.

Националната комисија за безбедност при транспорот (НТСБ) издаде извештај од 1.700 страни за несреќата во која почина Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи, шест нивни пријатели и пилотот Ара Зобјан.

Во него не е наведна точната причина за падот на хеликоптерот, но истражителите сугерираат дека се работи за пилотска грешка, односно Ара Зобајан бил дезориентиран поради густата магла.

Тој до кулата пријавил дека ќе се искачи на 4.000 стапки (1.220 метри) но фактички хеликоптерот имал слегнувачка патека, и се урнал во ридот. Извештајот вели дека Ара Зобајан веројатно погрешно ги перцепирал аглите, што обично се случува кога пилотот е дезориентиран поради слаба видливост.

Експертите кои дадоа свое мислење веднаш по несреќата, исто така посочија дека пилотот најверојатно бил дезориентиран.

Финалниот извештај на Националната комисија за безбедност при транспорот ќе биде објавен за неколку месеци.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе