Последните моменти на Коби Брајант се слушаат на снимка пред да се сруши хеликоптерот (АУДИО)

Се чини дека на снимката се слуша како контролорот на летот му вели на пилотот дека хеликоптерот лета премногу ниско, неколку моменти пред да исчезне од радарот и да се сруши.

Се чини дека на пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант му било кажано дека лета премногу ниско во двоминутен разговор пред да се случи страшната несреќа во која загинаа тој, неговата 13-годишна ќерка и уште 7 лица.

На клипот се слуша како контролорот на летот му вели на пилотот дека лета премногу ниско. Во разговорот контролорот зборува за слабата видливост во областа, која била маглива.

Контролорот вели дека нема ветер, но дека видливоста е слаба, а пилотот бара да му се дозволи да лета според правилата на визуелно летање.

Неколку моменти подоцна пилотот го врти леталото кон југозапад.

По повеќе од една минута во клипот, се појавува титл на екранот: „Пилотот не се слуша поради лош радиоприемник и/или мала височина“.

Сигналите се прекинуваат и се слуша како контролорот на летот бара од пилотот да го повтори својот план на летање.

„Хеликоптер 72EX, барате следење на летот, но сè уште летате премногу ниско за тоа“, додава контролорот, алудирајќи на радарска асистенција за да му се помогне на пилотот да го избегне другиот воздушен сообраќај.

Неколку моменти по прекинот на радарскиот контакт со хеликоптерот, и леталото исчезнува од екранот.

Контролорот на летање го повикува „Хеликоптер 72ЕКС, Сокал?“, но не добива одговор.

Неколку секунди подоцна хеликоптерот се урнал во близина на Калабасас.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе