НБА

Портланд доби „метла“, Голден Стејт испиша историја! (ВИДЕО)

Голден Стејт се избори за ново финале во НБА, петто во низа откако утрово „воините" по едно продолжение триумфираа над Портланд со 119-117 за 4-0 .

Дури и без Кевин Дурант, Голден Стејт се покажа како пресилен за Портланд, популарните Трејл Блејзерс добија „метла“ и со 4-0 ја загубија финалната серија на Западот.

Па „воините“ станаа само втората франшиза во историјата на НБА која играла пет финалиња во низа, успех кој не е забележан веќе 53 години.

Слично како и на претходните два меча, Портланд имаше водство, највисоката предност беше +17, но потклекна во последната четвртина, актуелниот шампион се врати, се избори за 111-111 и продолжение. Во додатните пет минути, „воините“ подобро се снајдоа и триумфираа со 119-117 за 4-0.

Прв играч на Голден Стејт беше Стеф Кари, кој имаше трипл-дабл учинок од 37 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Трипл-дабл забележа и Дрејмонд Грин, кој постигна 18 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Па за прв пат во историјата на НБА, двајца соиграчи имале трипл-дабл во плеј-оф натпревар.

Во редовите на Портланд, Мејерс Ленард имаше дабл-дабл учинок од 30 поени и 12 скокови, Лилард исто така мечот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 12 асистенции а одличен беше и МекКолам со 26 поени.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе