Нема да има кошарка во Стејплс Центар

Поради смртта на Коби Брајант одложен е натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс

Големото градско дерби на Лос Анџелес е одложено, НБА реши дека утре нема да има кошарка во Стејплс Центар поради трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум други лица.

ЛА Лејкерс утре требаше да се сретне со ЛА Клиперс, и тоа ќе беше прв натпревар на „езерџиите“ по хеликоптерската несреќа во која животот го загуби миленикот на публиката, Коби Брајант.

Кошарка во Стејплс Центар сепак нема да има, НБА соопшти дека е донесена одлука мечот да биде одложен и да се одигра на датум кој дополнително ќе биде одреден.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе