Шампионот Голден стејт успешно ја отвори новата сезона, Стеф Кари и неговите соиграчи дојдоа до триумф над Лос Анџелес Лејкерс од 123-109.
Токму Кари беше најдобар кај Голден стејт со 33 поени, во составот на Лејкерс Леброн Џејмс постигна 31 поен, имаше и 14 скокови, Дејвис постигна 27.
До победа на стартот дојде и Бостон кој со 126-117 беше подобар од Филаделфија.
Браун и Тејтум постигнаа по 35 поени за Бостон, интересно 35 поени имаше и Харден во составот на Филаделфија.