Тажна вест

Почина мајката на српскиот кошаркар Мициќ, но тој останува во Кина

Денеска починала мајка му на српскиот кошаркарски репрезентативец Василје Мициќ, но тој одлучил да остане во Кина и да го заврши светското првенство. 

Трагична вест во таборот на српската репрезентација која игра на Светското кошаркарско првенство во Кина. Почина мајката на плејмејкерот Василиј Мициќ.
 
Во разговор со селекторот Александар Ѓорѓевсиќ тој одучил да остане со селекцијата и да го доигра Светското првенство.
 
„Моите мисли се во моментов со Василиј Мициќ и неговото семејство. Слушнавте дека неговата мајка за жал почина, јас јавно искажувам сочувство. Не му е лесно. Имаше проблеми и во текот на подготовките, но сега прв пат зборуваме за тоа. Помина низ тежок период, но чест му е што е тука. Одлучи да остане со нас против Аргентина и да игра, тоа е голема работа“, изјави селекторот Ѓорѓевиќ.
 
Србија е еден од главните фаворити за златниот медал. Четвртфиналниот дуел против Аргентина го играат во вторник со почеток од 13 часот.
 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе