Сашо Лазаров - Чапо во деведесетите години од минатиот век беше лидер на Кочани Деликатес кој тогаш важеше за еден од најдобрите кошаркарски клубови во Македонија.
Со оваа екипа како капитен, Чапо го освои Купот на Македонија (1995), а трипати играше и во финалето од плеј-офот на домашното кошаркарско првенство.
Сашо Лазаров важеше за еден од најдобрите шутери во македонското првенство.
По завршувањето на кариерата тој го основа кошаркарскиот клуб „КК Дино Баскет“ и работеше со младите категории во Кочани.