Почина кошаркарската легенда, Борислав Станковиќ

На 95-годишна возраст почина Борислав Станковиќ, југословенската кошаркарска легенда и поранешен генерален секретар на ФИБА. 

Почина еден од најголемите „виновници“ за модерната кошарка во Југославија, Борислав Станковиќ.
 
Тој е роден во Бихаќ, БиХ, како кошаркар настапувал за Црвена звезда, Железничар и Партизан, беше член на југословенската репрезентација и го постигна првиот кош на светските првенства.
 
Работеше и како тренер, ги предводеше екипите на италијанскиот Канту и ОКК Београд. Потоа стана функционер во ФИБА од 1976 до 2002, каде беше и Генерален секретар. Во 1993 година, со неговиот потпис, нашата кошаркарска федерација беше примена како членка на ФИБА.
 
Станковиќ беше еден од најзаслужните за професионалците од НБА да се појават на Олимписките игри, момент кој за прв пат се случи во 1992 година на Игрите во Барселона.
 
Во 1991 година беше примен во куќата на славните во ФИБА.
 

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе