НОВА ОДЛИЧНА ПАРТИЈА НА македонскиот кошаркар

По Реал Мадрид, Војдан и Бетис го победија и Билбао

Втора голема победа по ред на Бетис и Војдан Стојановски, по триумфот над Реал Мадрид, сега пред нив падна и Билбао.

Откако во минатото коло го победија големиот Реал Мадрид и направија вистинска сензација, Војдан и Бетис ја продолжија добрата форма и во Билбао.
 
И на овој меч Бетис беше аутсајдер, но повторно со фантастична игра во последната четвртина дојдоа до победа од 85:82.
 
Војдан Стојановски повторно беше еден од најдобрите на теренот, постигна 12 поени, имаше и пет скока.
 
По овие две победи, Бетис се искачи на 11. место на табелата.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе