Кошарка ЕП У19 Б дивизија

По Ирска, пред младите кошаркари на Македонија падна и Украина! (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години има одличен старт на Европското првенство Б дивизија, денеска ја забележа и втората победа откако ја совлада Украина со 73:71.

Ретки се убавите вести од македонската кошарка, сега такви ни доаѓаат од Ораедеа, Романија, кошаркарите на Македонија до 18 години имаат одличен старт на Европското првенство дивизија Б.
 
Денеска славеа против Украина со 73:71, тоа е селекција која се смета за еден од фаворитите.
 
Андреј Јакимовски со 21 поен и 11 скокови беше најдобриот поединец во нашата репрезентација, Зекири имаше 12 поени и седум скока.
 
Утре со почеток од 17:30 часот Македонија го игра натпреварот против Грузија.
 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе