Ретки се убавите вести од македонската кошарка, сега такви ни доаѓаат од Ораедеа, Романија, кошаркарите на Македонија до 18 години имаат одличен старт на Европското првенство дивизија Б.
Денеска славеа против Украина со 73:71, тоа е селекција која се смета за еден од фаворитите.
Андреј Јакимовски со 21 поен и 11 скокови беше најдобриот поединец во нашата репрезентација, Зекири имаше 12 поени и седум скока.
Утре со почеток од 17:30 часот Македонија го игра натпреварот против Грузија.