Пилотот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант бил предупреден дека лета прениско

Пилотот на хеликоптерот во кој загинаа легендарниот кошаркар Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум други лица бил предупреден дека лета опасно ниско пред да се сруши на ридовите на Калифорнија, со брзина од речиси 300 километри на час, објавија американските медиуми.

Во трагичната несреќа загинаа сите во авионот.

Аудиоснимка од контролната кула открива дека пилотот на хеликоптерот во кој бил Коби бил предупреден дека лета премногу ниско.

„Сè уште сте премногу ниско за да летате на вакво време“, му било кажано на пилотот.

Извори во авијациските кругови рекоа дека времето околу Лос Анџелес, каде што се случи несреќата, било мошне магливо и повеќето хеликоптери биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот Бурбанк, но 15 минути кружел околу него чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и поради другите летала што требало да слетаат на аеродромот.

Непосредно пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа паднал на височина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била скоро 300 километри на час.

Извор за Њујорк пост рекол дека хеликоптерот на Брајант имал два мотори, па не би се срушил кога би останал без еден мотор. „Несреќи како оваа се случуваат затоа што пилотот го губи чувството за простор. Со оглед на остатоците од местото на несреќата, се чини дека се забиле во планината со предниот дел на хеликоптерот“, рекол изворот.

Тој додал дека хеликоптерот на Коби бил стар 20 години, а станува збор за хеликоптер Сикорски С-76. Со нив најчесто управуваат двајца пилоти, но во неделата со хеликоптерот на Коби управувал само еден пилот.

„Веројатно летал потпирајќи се на она што го гледа, а не на инструментите што ја следат висината на летање“, додал изворот.

Хеликоптерот се урна вчера над ридестиот терен во Калабасас, Калифорнија, на околу 65 километри северозападно од Лос Анџелес.

Освен Брајант и неговата ќерка, загинаа и девојче што играло во истиот кошаркарски тим со ќерката на Брајант и нејзиниот татко Џон Алтобели, како и пилотот. Меѓу загинатите, според Ти-ем-зи, е и Кристина Маузер, кошаркарски тренер.

Според Ти-ем-зи, хеликоптерот на Брајант неколку пати кружел и ја менувал висината. Така, неколку минути кружел над подрачјето на зоолошката градина во Лос Анџелес. Тогаш летал прилично ниско, веројатно чекајќи да се расчисти маглата.

Околу 9:30 часот по локално време пилотот стапил во контакт со аеродромот Бурбанк. Тогаш хеликоптерот кружел, а потоа продолжил да лета.

Во 9:40 часот се нашле среде уште поголема магла. Во тој момент, пренесува Ти-ем-зи, хеликоптерот свртел кон југ. Тоа било фатално затоа што летал кон планинска област. Пилотот нагло се искачил од висина од 350 метри на висина од 600 метри.

Неколку моменти подоцна, како што се чини, удриле во планината.

 

ФБИ ја истражува несреќата

ФБИ ја истражува несреќата, објави Си-ен-ен. Тие веќе се на местото на несреќата и им помагаат на локалните полициски сили. Националниот одбор за безбедност при транспорт ги истражува причините за несреќата.

Шерифот на Лосанџелескиот округ во Лос Анџелес, Алекс Вилануева, рече дека истрагата може да трае со недели. Воведена е забрана за летање во областа каде што се случила несреќата, а областа е оградена и на земја.

Несреќата се случи во близина на станбена населба, рече Вилануева.

„Истрагата е логистички кошмар затоа што до местото на несреќата нема добар пристап“, рече тој. Тој додаде дека навивачите на Коби нагрнале на местото на несреќата, што дополнително го направило случајот „логистички кошмар“, пренесува Си-ен-ен.

„Нашиот следен приоритет откако ќе го извршиме увидот се идентификација и информирање на семејствата“, рече Џонатан Лукас, иследник на округот Лос Анџелес.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе