Мундобаскет 2019

Петтото место е неуспех за Србија, Ѓорѓевиќ ја напушта репрезентацијата

Александар Ѓорѓевиќ заминува од селекторската позиција на српската кошаркарска репрезентација која не ја оствари целта на Светското првенство во Кина. 

Со оглед на составот кој го имаа Американците, и доминантните игри кои ги покажуваа Србите во подготовките, Србија беше фаворит за првото место, но не успеаа да освојат ниту медал.
 
Србија денеска ја победи Чешка и на петтото место го заврши Светското првенство.
 
Александар Ѓорѓевиќ се повлекува од селекторската функција, но вели дека таквата одлука ја донел уште пред да почне Мундобаскетот.
 
„Точно е, си одам од репрезентацијата. За жал не успеавме да ја оствариме целта. Оваа одлука ја донесов уште пред првенството, но не беше во ред да се зборува пред јас да кажам. Во наредниот период сакам да му се посветам на семејството. Им благодарам на сите во федерацијата и на сите играчи кои ги тренирав“, изјави Ѓорѓевиќ.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе