АБА 2 лига

Петти пораз по ред за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата, овој пат во Нови Пазар

МЗТ Скопје загуби со 79:70 на гостувањето кај Нови Пазар и си ја загрози втората позиција на табелата. 

Македонскиот тим игра во лоша форма во регионалното натпреварување, денеска загуби кај Нови Пазар кој важи за еден од најслабите клубови во лигата.
 
Во последното коло МЗТ Скопје ќе мора да брка победа против Ловќен за да ја задржи втората позиција која пред некое време изгледаше сигурна.
 
МЗТ Скопје одигра лошо прво полувреме кое Нови Пазар го доби со 48:33. Во вториот дел македонскиот тим беше подобар, но само колку да ја намали негативата на домаќинот, конечниот резултат гласеше 79:70.
 
Најдобар поединец во составот на МЗТ Скопје беше Олуџоби со 20 поени, Магдевски постигна 13, по десет реализираа Милошевиќ и Стојановски.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе