АБА лига

Петровиќ: Мислам дека имаме сили и квалитет да избориме опстанок во АБА лигата

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ вели дека е задоволен од залагањето на неговите кошаркари во поразот од Партизан со 92-74. 

МЗТ Скопје доживеа уште еден очекуван пораз во АБА лигата откако денеска загуби во „Јане Сандански“ од Партизан. Распоредот на македонскиот клуб е таков да во првите кола игра со најсилните тимови.
 
И денеска како и на мечот против Црвена звезда, МЗТ Скопје лошо го отвори натпреварот, со многу промашени шутеви во првата четвртина, игра во грч.
 
„Мечот го почнавме во грч, се виде тоа по деветте постигнати поени. Но не мислам дека одигравме толку слабо во тој период, бидејќи имавме шест отворени шутеви за тројка, да погодевме половина од нив, резултатот ќе беше поинаков. Потоа одигравме подобро, но Партизан имаше одличен шутерски ден, погодија многу шутеви од далечина“, вели Александар Петровиќ.
 
„Не сум задоволен кога мојот тим губи, но не можам да бидам незадоволен од залагањето на моите играчи на теренот. Партизан сепак е евролигашка екипа, а нас ни се погоди во првите две кола да играме со две екипи од Евролигата. Но верувам дека ќе бидеме подобро како што ќе одминува времето“.
 
„И денеска и во Белград имавме 17 асистенции, тоа значи дека тимската игра функционира. Ние на секој натпревар одиме на победа. На сите ни е јасно дека дуелот од четвртото коло со Студентски Центар ќе биде исклучително значаен за нас. Оптимист сум поради формата која ни оди во нагорна линија и поради професионалноста на моите играчи на тренинзите“.
 
„Се уште е рано да се говори, но мислам дека МЗТ Скопје има сили и квалитет да обезбеди опстанок во АБА лигата“.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе