Перо Антиќ со многу емоции се збогува од Драган Василов - Цевка

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ се збогува од починатиот Драган Василов - Цевка не само како прв човек на кошарката во Македонија, туку како играч кој поминал низ рацете на легендарниот младински тренер. 

Синоќа во Маврово од срцев удар почина младинскиот тренер Драган Василов - Цевка, имаше 62 години.
 
Легендарниот Цевка работеше како тренер на млади кошаркари во Работнички и во младинските репрезентативни селекции. Еден од оние кои тој ги тренираше беше и Перо Антиќ.
 
Перо Антиќ во улога на претседател на КФСМ, но пред се како негов пријател, со многу емоции се збогува од Драган Василов - Цевка.
 
„Во вакви моменти нема зборови кои ќе донесат утеха и ќе ја намалат болката, но сепак дозволете ми, сакам да упатам најискрено сочувство до семејството на мојот голем „френд“ Драган Василов – Цевка, за огромната загуба на нивниот сопруг, татко, дедо.
 
Во овие моменти на тага кои е тешко да се опишат, сакам да се присетам на сите оние досетки, шеги што еден со друг си ги имавме приредено. Да, понекогаш дури и само споменувањето на неговото име, ми носеше од оние заразни насмевки, типични, негови...
 
Ти беше тој кој од 80 деца ме одбра во групата од 20, и ги кажа магичните зборови ‘извод од матично и две слики’...
 
Ти беше тој што виде нешто во мене, и избра да ме земеш како најмлад во кадетската репрезентација на Македонија, и покрај, според мене, поквалитетни кошаркари.  Да ми го овозможиш, да ми го дадеш тоа чувство како е да се игра на Европско кадетско првенство...
 
Ти беше тој што направи да ја засакам кошарката и да уживам во неа!
 
Таков беше, таков и ќе те паметам...
 
Верувам дека неговото име имаше ваков ефект на сите луѓе кои го познаваа и сигурен сум дека ова е особина која можат да ја изведат само навистина големите луѓе.
 
Мојот, нашиот Цевка беше еден од најпозитивните ликови, вљубеник во кошарката, тренер и креатор на цели генерации млади играчи... Другар, пријател, и семеен човек за пример – едноставно, легенда.
 
Легендите живеат засекогаш. Збогум Батка!“
 
Твојот Перо

Посмртни останки на Драган Василов - Цевка ќе бидат изложени од 11:00 до 11:30 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел, каде ќе биде извршен и погребот на популарниот Цевка.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе