Денеска се избира нов претседател на МКФ

Перо Антиќ официјално е единствен кандидат за претседател на МКФ, но...

Денеска ќе се одржи изборното собрание на Македонската кошаркарска федерација по кое ќе се знае дали Перо Антиќ ќе биде новиот претседател или Пеце Наумоски ќе добие нов мандат.

Доцна синоќа Владмир Темелковски реши да се откаже од трката за претседател на МКФ, па официјално само Перо Антиќ е кандидат за прв човек на кошарката во Македонија.
 
Но, актуелниот претседател Пеце Наумоски се уште не се изјаснил дали и тој ќе се кандидира или ќе се откаже од функцијата.
 
Изборното собрание ќе се одржи во 12 часот во „Сквер 21“.
 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе