Легендарниот кошаркар се врати дома

Пау Гасол по 20 години се врати во Барселона

Барселона потврд дека Пау Гасол се врати во нивниот клуб од кој замина пред 20 години. 

Тоа што се шпекулираше веќе една недела, сега и официјално се случи, Пау Гасол повторно е кошаркар на Барселона.
 
Гасол речиси две години беше надвор од теренот поради повреда, нема одиграно официјален меч од 10 март 2019 година, оваа сезона ќе ја заврши со Барселона.
  
„Среќен сум што можам да соопштам дека се враќам дома и дека се приклучувам на тимот на Барселона. Среќен сум што се враќам во клубот каде ја почнав кариерата и сум возбуден пороади оваа нова можност, се надевам дека наскоро ќе почнам да давам допринос во првиот тим. Сакам да се заблагодарам на Барселона што ми овозможи да се вратам“, рече Пау Гасол.
 
Пау Гасол е дете на Барселона, таму е роден, а на 20 години го напушти клубот, се пресли тогаш во Мемфис каде помина седум години пред да премине во Лејкерс, во НБА го носеше дресот и на Чикаго Булс, Сан Антонио и Милвоки.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе