Евролига

Партизан по осум години се враќа во Евролигата

Србија во следната сезона ќе има два претставници во Евролигата, покрај Црвена звезда, место ќе има и за Партизан, оваа информација официјално треба да биде потврдена во четврток. 

Покрај Партизан, дополнително место добива и Валенсија, овие две екипи се единствените кои се пријавиле за пополнување на местата од ЦСКА Москва и Зенит.
 
Поради војната во Украина, руските екипи нема да играат во Евролигата, па нивното место ќе го заземат екипите на Партизан и Валенсија.
 
Тоа значи дека Партизан и Црвена звезда покрај дуелите во АБА лига и српките натпреварување, следната сезона ќе имаат дуел и во Евролигата.
 
За нас посебно добра вест е играњето на Валенсија во Евролигата бидејќи нејзин член е македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе