Македонските кошаркарски надежи редат победи во Романија

Падна и Данска, Македонија перфектна во групната фаза, следува четвртфинале со Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со 80:73 ја победи Данска во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство Б дивизија и со максимален учинок се пласира во четвртфиналето.

Пет од пет во групната фаза за Македонија, нашите кошаркарски надежи денеска беа подобри од Данска. Во голем стил се пласиравме во четвртфиналето каде ќе играме против Естонија.
 
Македонија водеше во текот на целиот меч против Данска која во финишот се доближи на -1 но не успеа да го сврти резултатот. На крајот нашата селекција заслужено дојде до триумф од 80:73.
 
Оваа победа ја остваривме без најдобриот Андреј Јакимовски кој доби одмор. Најефикасен денеска беше Марко Миловановиќ со 25 поени, Зекири реализираше 12, Јаневски 11.
 
Македонија во четвртфиналето ќе игра против Естонија, мечот е закажан за петок од 17:55 часот.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе