Тргнале на натпревар

Откриени повеќе детали за несреќата, една од ќерките на Коби Брајант е помеѓу починатите

Медиумите од САД откриваат нови детали за несреќата во која животот го загуби Коби Брајнт, во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13 годишната Џиана Мариа.

Светската спортска јавност вечерва е погодена од вестите за несреќа во Калифорнија во која животот го загуби Коби Брајант. Легендата на ЛА Лејкерс почина кога хеликоптерот со кој патувал се сруши во Калабасас.

Медиумите од САД сега откриваат повеќе детали и пренесуваат дека во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13-годишната Џиана Мариа. Оваа информација најпрво ја соопшти ТМЗ, а подоцна ја потврди и добро упатениот новинар на ЕСПН Адријан Војнаровски.

Извештаите велат дека Коби Брајант заедно со Џиана тргнал на натпревар, а со нив биле уште една кошаркарка и нејезиниот родител.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе