По настапот на синоќешниот ол-стар меч

Осман објасни зошто носеше патики со знамиња: Македонија и Турција ми се во срцето

Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман на Ол-стар натпреварот настапи со специјално дизајнирани патики, на едната беше знамето на Македонија, на другата на Турција.

Џеди Осман е роден во Охрид, но настапува за турската репрезентација. Кошаркарот на Кливленд на синоќешниот натпревар меѓу САД и остатокот на светот настапи со специјално дизајнирани патики со македонското и турското знаме.
 
„Роден сум во Македонија, а вечерва ја претставувам Турција. Знамињата на моите патики покажуваат дека сум нивни претставник и дека двете земји се во моето срце. Знам дека секогаш оттаму имам голема поддршка“, изјави Осман по мечот.
 
Осман на олстар мечот постигна два поени, имаше три скока и четири асистенции.
 
 
 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе