АБА 2 лига

Ослабениот МЗТ Скопје поразен од Спарс

МЗТ Скопје значително ослабен отпатува во Златибор, па поразот од Спарс Сараево беше очекуван, загубивме со 76-68. 

Македонскиот тим се покажа во солидно издание ако се знае дека отпатува без тројца кошаркари од првата петорка, не играа повредените Олуџоби и Гравет, како и болниот Магдевски.
 
Во првата четвртина Спарс доминираа, ја добија со 23-13, но МЗТ Скопје одигра одлично во вторите десет минути и на полувремето се избори да биде нерешено, 33-33.
 
Момците на Радуловиќ се бореа до самиот крај, но противникот беше квалитетен за да се победи со десеткуван ростер, на крајот Босанците славеа со 76-68.
 
Дамјан Стојановски со 20 поени беше најефикасен, Бојиќ постигна 14, а по 11 реализираа Тарнер и Крстевски, кај Спарс најдобар беше Камењаш со 18 поени.
 
Утре со почеток од 21 часот Работнички игра со Борац Бања Лука.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе