Квалификации за ЕП 2022

Одложен мечот меѓу Македонија и Италија, тројца играчи од нашата репрезентација се позитивни на ковид-19

Натпреварот меѓу Македонија и Италија од квалификациите за ЕП 2022 кој требаше да се одигра денеска, е одложен поради тоа што тројца наши кошаркари имаат коронавирус и цела репрезентација треба да оди во изолација. 

Љубомир Младеновски, Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли се позитивни на ковид-19, поради тоа целата репрезентација на Македонија ќе треба повторно да биде тестирана.
 
Откако ќе бидат добиени резултатите ФИБА ќе реши дали мечот ќе може да се одигра утре во Талин или ќе биде одлижен за во некој друг термин. Задутре треба да играме и со Естонија.
 
„Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, ФИБА одлучи да го одложи натпреварот Италија - Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија.
 
Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.
 
Остатокот од делегацијата е ставен во изолација.
 
Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец.
 
ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со КОВИД-19 и да ги соопштува сите дополнителни ажурирања во врска со нејзините натпреварувања доколку е потребно“, стои во соопштението на Кошаркарската федерација на Македонија.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе