НБА

Одлични партии на Јокиќ и Дончиќ, но само српскиот кошаркар се радуваше на победа (ВИДЕО)

Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Чикаго Булс од 131:127 изборена по едно продолжение, Далас загуби на гостувањето кај Портланд со 125:119, импресивната партија на Дончиќ не беше доволна за триумф. 

Денвер со одлична игра во последната четвртина успеа да надополни негатва од седум разлика, а потоа во продолжение да го совлада Чикаго со 131:127.
 
На Јокиќ му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, постигна 34 поени, имаше 15 скокови и девет асистенции, но не блескаше само тој, неговиот соиграч Мареј исто така постигна 34 поени. Во составот на Чикаго, Лавејн реализираше 32 поени.
 
 
Лука Дончиќ постигна 38 поени, девет скока и девет асистенции, но тоа не беше доволно за да се победи Портланд. Далас загуби со 125:119.
 
Макелум постигна 32 поени, а Лилард 31, втор најефикасен во Далас после Дончиќ беше Хардавеј со 25 поени.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Сакраменто 96:107
Кливленд - Сан Антонио 110:116
Хјустон  Детроит 100:113
Мемфис  Голден стејт 103:113
Мајами - Индијана 110:137
Орландо - Бруклин 121:113
Торонто - Јута 1112:115
Денвер - Чикаго 131:127
Феникс - Минесота 113:101
Портланд - Далас 125:119

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе