НБА

Одличен меч на Јокиќ, но Денвер загуби од Бостон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ја одигра најдобрата партија оваа сезона но тоа не му помогна на Денвер да избегне пораз на гостувањето кај Бостон, загубија со 108:95. 

Никола Јокиќ со 30 поени и 10 скокови беше најдобар на теренот во Бостон, но тоа не му помогна на неговиот тим да доживее пораз со двоцифрена разлика.
 
Бостон одигра тимски одличен меч, водеше во целиот тек од натпреварот и на крајот заслужено дојде до победата од 108:95.
 
Во домашниот тим Татум беше најдобар со 26 поени, Браун постигна 21.
 
 
На Лејкерс одлично им оди на гостински терен, ја забележаа 11 победа по ред на туѓо тло. Овој пат го совладаа Портланд со 136:113.
 
Ентони Дејвис со 39 поени беше најдобар поентер, Леброн постигна 31. Во составот на Портланд Лилард даде 29.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Бруклин 104:111
Кливленд - Орландо 87:93
Детроит - Индијана 108:101
Бостон - Денвер 108:95
Чикаго - Голден стејт 98:100
Мајами - Вашингтон 112:103
Оклахома - Минесота 139:127
Милвоки - ЛА Клиперс 119:91
Сан Антонио - Сакраменто 105:104
Портланд - ЛА Лејкерс 113:136

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе